Friday, April 26, 2013


Универзитет ,,Гоце Делчев''   Штип

Факултет за информатика

Центар за електронско далечинско учење



               Стоматогнатниот систем, односо органот за џвакање е анатомскофизиолошка компонента на човечкиот организам и претставува високо организиран комплекс, составен од горната и долната вилица (maxilla ete mandibula), забите (dentes) со потпорните ткива (дезмодонт), виличните зглобови (articulatio temporomandibularis), џвакалните мускули, крвните садови и нервите.
Забите како дел од системот за џвакање, имаат бројни фукнции. Основната функција им е џвакањето, односно механичката обработка на храната и нејзиното подготвување за варење. За таа цел се приспособени одделни групи на заби со нивните анатомско-морфолошки карактеристики. Освен тоа, забите се неопходни за правилен говор и придонесуваат за естетскиот изглед на индивидуата. Забите се сместени во коскени чашки ( alveoli dentales ) на алвеоларното продолжение на горната и на долната вилица.
Алвеоларното продолжение, од надворешната и од внатрешната страна, е изградено од компактна коска, а помеѓу нив се наоѓа слој од спонгиозна коскена супстанција.






Млечна дентиција

               Млечната дентиција (dentes decidui s. lactici) или првата генерација на природни заби е привремена бидејќи има свој одреден функционален период, по кој забите испаѓаат и се заменуваат со соодветни заменици од трајната дентиција. Млечните заби во усната празнина се појавуваат во шестиот месец од животот на детето и нивното формирање трае до крајот на втората година. Во овој временски период никнуваат 20 млечни заби (8 инцизиви, 4 канини и 8 молари) . Забите од првата дентиција никнуваат по ред и распоред, односно по хронологија која ја сретнуваме во ориентационите табели на Shour, Massler, Kronfeld, Logan, Mc Coll и др.





Трајна дентиција

               Трајна дентиција (dentes permanentes s. adulti)   или втора генерација на природни заби, е вечна, бидејќи трае до крајот на животот. Во усната празнина трајните заби се појавуваат во шестата година од животот. Избивањето на првите трајни заби не е условено со испаѓањето  на млечните заби, туку со правилниот раст и развој на вилиците и со постоењето на нивниот никулец. Всушност, првиот траен заб, односно првиот молар никнува во присуство на млечните заби, а неговото место се наоѓа зад млечната забна низа. Меѓутоа, никнувањето на трајните заби, кои се заменици на млечните заби, е условено од ресорпцијата на корените на млечните заби. Тие се расклатуваат и испаѓаат, а нивното место го заземаат нивните заменици од трајната дентиција.
Според ориентационите табели на Schour, Massler, Kronfeld, Logan, Mc. Coll  и др. забите од трајната дентиција никнуваат по редоследот и редот што е прикажан на сликата.




Разлики меѓу млечните и трајните заби

               Во суштина, млечните заби по своите анатомски и структурални карактеристики се многу слични на трајните заби, меѓутоа постојат одредени специфичности по кои тие меѓусебно се разликуваат. Најважните разлики можат да се групираат во неколку категории.
  1.  Бројот на забите. Има 20 млечни заби класифицирани во три групи (инцизиви, канини,молари). За разлика од нив, има 32 трајни заба класифицирани во четири групи (инцизиви, канини, премолари и молари). Всушност, има помал број на млечни заби и недостасуваат:групата на преткатници и третите молари во моларната група.                        
  2. Големината на забите. Млечните заби по своите димензии се помали од трајните заби. Нивната големина всушност, одговара  и е сразмерна на големината  на вилиците на детето, како и на нивната функција.                                                                                                                          
  3.  Боја на забите. Млечните заби се посветли од трајните и имаат карактеристична сивкаво-бела боја или млечно-бело боја, како резултат на помалата транспарентност на глеѓта, а за разлика од нив, трајните заби имаат жолто-бела боја.                                              
  4. Дебелината на забните супстанции.  Млечните заби имаат 50% потанок слој глеѓ и дентин во однос на трајните заби и кај нив просечната дебелина на глеѓ изнесува 1mm, додека на дентинот варира од 1 до 3 mm, во зависност од локацијата на забната коронка. Освен тоа, пулпината шуплина (cavum pulpae) е силно развиена.                                             
  5.  Абразија. Млечните заби имаат многу голема абразија на забните супстанции, бидејќи геѓта и дентинот се помеки и потанки во однос на трајните заби.                                               
  6. Периодонциум. Во периодонталниот спациум има помал број но и неправилно распоредени Шарпееви влакна, па затоа млечните заби се полабаво врзани за алвеоларната коска и се по подвижни.                                                                                                 
  7.  Корени. Корените на млечните заби се 1.5 - 2 пати подолги од коронките, но и потанки. Карактеристично е што корените на млечните молари покажуваат изразите дивергенција, бидејќи никулците на трајните премолари се наоѓаат помеѓу нивните корени. Врвовите на корените на млечните инцизиви и канини се свиени лабијално, со што се овозможува поголем простор за развој на никулците од трајните заби.
  8.